Ги откажа концертите во Охрид и Прилеп по скандалот со химната, но ќе настапува во Европа. Иако реакциите во јавноста по пеењето на химната без македонските револуционери ја наведоа на тоа да ги откаже настапите кај нас сепак пејачката Тамара Тодевска е возбудена бидејќи ќе настапува во Мадрид, Архус и Келн. На 5 Октомври ќе настапи во Шпанија, на 2 Ноември во Данска и на 30 Ноември во Германија.
Многу сум возбудена што ќе настапувам во Мадрид, Архус и Келн оваа есен. Едвај чекам да ве видам. Наскоро со повеќе информации, напиша Тамара на нејзината Фејсбук страница.
Comments are closed for this post.