Уапсен е Бојан Јовановски, познат како Боки 13 сопственик на 1ТВ, неофицијално дознава Пресингтв, од извори во Обвинителството.
Според информациите до кои дојде Пресинг, приведен е на граница.
Ова следува по низата објави во медиумите дека наводно рекетирал компании.
Приведен е во еден скопски ресторан и бизнисменот Зоран Милески познат како Зоки Кичеец. Тој е близок со поранешениот директор на УБК Сашо Мијалков.
Во текот на денот се очекуваат повеќе детали од Обвинителството.
Comments are closed for this post.