Најмалку 22 лица загинале од удар на гром кој погодил еден пазар во Кашмир, објавија денес локалните медиуми.
Меѓу загинатите се деветмина членови од едно семејство кои биле во една џамија.
Инцидентот се случил во градот Лесва во долината Нелам, познато туристичко место во близина на линијата на разделување меѓу Пакистан и Индија.
Претставници од власта изјавија дека пазарот бил целосно уништен. Тие додаваат дека во катастрофалните поплави исчезнале и неколку возила со туристи.
Comments are closed for this post.