Сите кои го гледаа финалето на Новак Ѓоковиќ и Роже Федерер не можеа да не забележат какво беше однесувањето на трибините. Публиката отворено беше на страната на Швајцарецот и негодуваше секојпат кога Ноле ќе се пожалеше на некоја судиска одлука.

Си-ен-ен анализира дека Ѓоковиќ никогаш нема да биде популарен како Надал или Федерер и дека поради тоа е иритиран.

Спаси две меч топки и го победи секогаш популарниот Швајцарец. И како ја прослави победата. Како и обично со јадење трева – иронично коментира „Си-ен-ен“.