Како луѓе, како на Влада, покажавме дека зборот ни важи. Вложуваме напори работите една по една да се решаваат. Бевме фокусиани на крупните работи во првиот период, да ги решиме, во интерес на граѓаните и државата. Затоа успеавме.Знаеме дека кога ни е безбедна држават луѓето помирно спијат а бизнисот повеќе вложува.За 2 години успеавме во она што 12 години не успеаа, во клучните области, да бидеме членки на НАТО и ЕУ. Знаеме интеграциите што носат, истакна вчера Радмила Шекеринска од СДСМ.
„Во изминатите 2 години успеавме на домашните и на странските инвеститори да им создадеме шанса да отворат 50 илјади нови работни места и да растат платите.
Успеавме со пари од буџетот да обезбедиме социјални пакети кои сега се за 3 пати поголеми.
Целосно го решивме проблемот со стечајците и не дозволивме да се покачи цената на струјата. За прв пат платите растат побрзо од трошоците. Повратот на ДДВ веќе функционира. Ги намаливме казните. Зборот важи, парите ги враќаме назад кај граѓаните.“ додаде Шекеринска.
Comments are closed for this post.