Зборот важи! Мерката за враќање на парите назад кај граѓаните преку поврат на 15% од ДДВ одлично се спроведува, велат од СДСМ.
Од први јули, откако започна да се реализира оваа мерка, скенирани се 2 милиони фискални сметки со остварен промет од близу 17 милиони евра. Од оваа сума, акумулирана за многу краток период, повратот на пари кај граѓаните изнесува над 260 илјади евра.Апликацијата „Мој ДДВ“ веќе ја инсталирале над 120 илјади граѓани.Со мерката за поврат на 15% од ДДВ околу 50 милиони евра завршуваат кај граѓаните на крајот на годината, велат од СДСМ.
За прв пат државата враќа пари назад кај граѓаните. Тоа значи доход плус во семејниот буџет.
Мерката за поврат на 15 отсто од ДДВ е последната во низата мерки кои обезбедуваат повеќе пари во семејните буџети и кои како одговорна партија ги спроведовме за само 2 години.
ВМРО-ДПМНЕ 11 години земаше пари од граѓаните. СДСМ како одговорна партија обезбедува повеќе пари назад кај граѓаните, соопштуваат од владејачката партија.
Comments are closed for this post.