Покрај Зоран Заев, руските комичари пред неколку месеци го измамиле и премиерот на Косово, Рамуш Харадинај.
И нему му се претставиле дека се претседателот на Украина, Петро Порошенко и подолго време одржувале комуникација. Лажниот Порошнко го убедил Харадинај да му даде поддршка на Твитер што тој и го сторил.Згора на тоа, „Порошенко“ побарал поддршка од Харадинај за неговит кандидат Вован Лексус. Сето тоа било нормално ако не се работи за измислена личност, односно за комбинација од уметничките имиња на комичарите.
На украинскиот народ му посакувам слободни и демократски избори. На мојот пријател Петро Порошенко и неговиот министер Вован Лексус им посакувам се најдобро и да ја предводат Украина на патот кон европските интеграции. Косово и Украина стојат заедно како нации слободни и приоритетни-напиша Харадинај на Твитер но постот го избриша откако сфатил дека е измамен.
Comments are closed for this post.