Балканските политичари треба да научат помалку да зборуваат и повеќе да работат. Сите зборуваат, ветуваат, понекогаш живеат о измислени светови, особено нашите пријатели-македонците.
Ова во утринската емисија на БНТ го изјави актуелниот бугарски европратеник и поранешен амбасадор во Скопје, Александар Јорданов.
Одговарајќи на прашањето околу последните политички недоразбирања на Балканот и како треба да се именуваат нашите политичари, дали како северномакедонски или македонски, Јорданов изјави:
За нас Бугарите, македонците секогаш ќе си останат македонци, така како што доброџаните се доброџани. Ние не им викаме на луѓето од Добруџа е вие јужнодобруџаните. Така што, независно како се вика државата, во моментов официјалното име е Република Северна Македонија, македонците за нас Бугарите си се македонци. И што е поважно, тие се такви и во нивниот Устав каде многу јасно е кажано дека тие се граѓани на Република Северна Македонија, но е разбира, така беа претставени и во Парламентот на Република Македонија и се разбира дека тие не се северномакедонци. Меѓутоа, тие реагираат многу емоционално, наместо сето тоа да го прифатат како една добронамерна шега. Зашто, околу самата смена на името на државата имаше многу комични ситуации и тие самите си ги зборуваа. Така што, јас би ги посоветувал во Република Северна Македонија да се концентрираат на работа, навистина да инсистираат на европската интеграција и да знаат дека Бугарија ќе биде државата, што секогаш ќе биде до нив и ќе им помага.
Comments are closed for this post.