Носителот на 14 Гренд слем титули, Новак Ѓоковиќ може да влезе во историјата уште еднаш, ако успее да направи неверојатното враќање на врвот на светската листа до крајот на 2018 година. Тоа може да се случи дури и во Шангај, иако за оваа намена Ѓоковиќ мора да ја освои 32. „Мастерс“ титула во неговата богата кариера.

Како што е познато, Ѓоковиќ е фаворит да ја заврши годината на врвот, бидејќи нема поени за бранење, а пак Рафаел Надал поради повреда загуби 1.100 поени од турнирите во Пекинг и во Шангај.

При ситуација Србинот навистина да ја заврши 2018 година како број еден, тој ќе влезе во историјата како човек со најголем скок до врвот. Досегашниот најголем скок во рамките на една сезона е на Андре Агаси од 1999 година, кога тој е 14. на 3 мај, а потоа доаѓа до врвот.

Србинот имаше потешкотии на теренот во почетокот на 2018 година и забележа пет победи и пет порази во првите 10 натпревари. Најслабиот почеток на сезоната на крајниот број еден на АТП листата е за Густаво Коуертен – шест победи и четири порази во 2000 година.