Србин кој живее во Германија реши јавно да проговори како пред 30 години му нуделе да купи бебе директно од породилиште и дека лекарите тоа ќе го пријавеле дека е мртво.

Марко Ивиќ со неговата сопруга не можеле да имаат дете па во 1988 година, преку пријатели во Србија разбрал дека може да купи бебе и дека тоа ќе го чини 10.000 тогашни марки и 15.000 за близнаци, пренесува „Курир.рс“.

 

Тој со познат доктор отишол во породилштето и му рекле дека може да бира кое дете го сака.

Ми рече да ја ставам раката на креветот на жената која отприика личи на мојата сопруга. Во ќошот навистина забележав една девојка која лични на моја жена. Потоа отидивме во боксот за бебиња. Застанав крај едно кое беше како ангел. Докторот ми рече само Ивиќ бирај – раскажува Марко.

Сепак Марко и соругата се откажале од идејата бидејќи разбрале дека тие бебиња припаѓаат на студентски кои не сакаат да ги задржат бебињата поради срам дека ќе бидат осудени од родителите и средината.