Охрид засега се спаси да биде прогласено за загрозено подрачје. УНЕСКО дозволи дополнителен рок до февруари следната година.
Државава ќе добие уште неколку месеци за да ги исполни препораките на УНЕСКО за Охридскиот регион дадени во 2017 година. Комитетот за светско наследство ги прифати забелешките на повеќето од земјите дека извесен напредок е направен, но земјава треба да добие дополнително време пред да се одлучува дали Охридскиот регион ќе добие статус „светско наследство во опасност.“
Од владината делегација на конференцијата во Баку, Азербејџан, истакнаа дека дел од градбите се веќе стопирани, а дека интензивно се работи на сите останати забелешки кои претходно ги посочи УНЕСКО.
Дел од активистите за заштита на животната средина сметаат дека и доколку Охридскиот регион се прогласи за светско наследство во опасност, не значи дека Охрид ќе го загуби статусот „подрачје на УНЕСКО“, туку сметаат дека тоа е единствена шанса за негов опстанок.
Comments are closed for this post.