Градоначалниците од Демократската партија избрани на претходните избори во Албанија донесоа одлука да не ги напуштат нивните позиции и покрај тоа што не учествуваа на изборите на 30 јуни. Бидејќи тие не го признаваат изборниот резултат и процесот, тие ќе продолжат да работат се додека не се спроведат слободни и фер избори

Ова е одлуктаа која вчера градоначалниците ја донеле на средбата со партискиот лидер Љуљзим Баша.

Актуелниот градоначалник на Камза, Џелал Мзиу, како што јави Албаниан њуз, изјави дека тој нема да излезе од канцеларијата затоа што изборите биле фарса.

„Никогаш нема да ја напуштам канцеларијата заради апсурдни избори“, изјави Мзиу.

Во меѓу време и градоначалникот на Маљакастра, Агрон Капланај изјави дека опозицијата смета дека избоприте се невалидни, па затоа тие нема да ги напуштаат нивните канцеларии, и ќе чекаат на изборите кои претседателот на државата ги закажа за 13 октомври годинава.

„Ќе ги ослободиме нашите канцеларии за нашите наследници само доколку тие бидат легално избрани на уставни избори“, рече Капланај.

За се е виновен Сорос, обвини денес Сали Бериша

Во меѓувреме се огласи и поранешниот премиер Сали Бериша кој јавно го нападна милијардерот Џорџ Сорос. Во соопштение за медиумите по средбата со градоначалниците во седиштето на ДП, Бериша подвлече дека „со лажни реформи Сорос му ја дал сета власт на Еди Рама кој правдата ја претвори во нарко правда“.

„Албанија е водена од нарко држава. Која правда треба да ја истражува нарко правдата? Која мафија во светот се истражува самата себе си? Изборниот криминал не може да биде истражен додека Еди Рама е на власт“, соопшти Бериша.