Заев: Вашата одлука ќе ја испрати ФИРОМ во историјата, Вељаноски:Нема да учествуваме во менување на Уставот

10.10.2018 / 13:48


Премиерот Зоран Заев, кој го образложи предлогот на Владата, истакна дека од досегашниот увид и реакциите на јавноста нема ништо спорно во предлогот за уставни измени, што по одлуката на Владата веднаш беше објавен, повикувајќи ги пратениците да се обединат околу стратешките цели на земјата. За стручната и експертска јавност, оцени тој, измените се согласно меѓународните стандарди.

Оваа иницијатива се покренува во согласност со законите и институционалните постапки, рече Заев кој потенцираше дека пратениците се тие кои треба да ја одредат иднината на граѓаните кон НАТО и ЕУ и дека треба да се изјаснат по своја волја. Сега е време сите што се за НАТО и ЕУ да ги поддржат измените обранието е институцијата која треба да донесе одлука следејќи го интересот на граѓаните. Пратениците да донесат одлука по сопствено убедеување и без притисок од никого. Вашата одлука ќе ја спрати ФИРОМ во историјата, им порача Заев на пратениците.

Интеграцијата не може да биде попречена од закана, обид за поткуп или што било, рече премиерот Заев.

Во Договорот нема ништо спорно согласно меѓународното право.Сите пратеници без разлика на која партија и припиаѓаат имаат одговорност да и обезбедат на Република Македонија стабилност, безбедност и приоритет, рече Заев пред пратениците.

Нема да учествуваме во менување на Уставот, немате двотретинско мнозинство – му порача експретседателот на Собранието, Трајко Велјаноски на премиерот  Заев и ја напушти салата на Комисијата за уставни прашања.Тој рече дека тесен владин круг брзал да склучи штетен договор со Грција без да ги вклучи опозицијата и експертите.

Тој додаде дека граѓаните на референдумот го отфрлиле договорот.

Се случи 30 септември кога со пасивност и неизлагање народот ја победи пропагандата на власта. Тоа е имепратив, задолжителна обврска за Собранието и за сите. Немаме мандат да ја менуваме одлуката на народот. Немаме намера да учествуваме во обидот за менување на Уставот. Слободно продолжете во благопријатна атмосфера ако сакате, ама да знаете дека немате двотретинско мнозинство за менување на Уставот- рече Вељаноски.

Пред дискусијата пратениците од ВМРО-ДПМНЕ гласаа „протива“ дневниот ред на седницата.

 

 


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Д-р Поповски: Инстаграм и Тик ток го диктираат одржувањето на хигиената на кожата, посебно кај девојчиња и тинејџерките

пред 3 часа
Македонија

Николоски: Пробиени se 17 километри од новиот автопат Гостивар – Букојчани, дел од Коридорот 8

пред 3 часа
Македонија

Мемов: Линеарното зголемување на пензиите е одлука на Владата, но Уставниот суд ќе го даде конечниот став

пред 22 часа
СТАВ НА ВМРО-ДПМНЕ

Филипче и СДСМ се последните што имаат кредибилитет да зборуваат за состојбите во енергетиката

пред 2 дена
Македонија

Фондoт за пензиско смирува: Пензионерите и осигурениците можат да бидат спокојни, пензии редовно се исплаќаат и ќе се исплаќаат

пред 2 дена
Македонија

Мицкоски сака да не е во право за укинувањето на линеарното зголемување на пензиите

пред 3 дена
Македонија

Во Скопје ќе се организира протест за поддршка на Хашим Тачи и УЧК

пред 3 дена
Македонија

Jaнкуловска: Судот наместо независен арбитер беше партнер и консултант на обвинителството

пред 3 дена
Македонија

Мицкоски за евроинтеграцијата: Претходните премиери влегоа во авантура да прифатат нешто без да има гаранција и предвидливост

пред 4 дена
Македонија

Нема веќе линеарно зголемување на пензиите, Уставен го укинува

пред 4 дена