Управата на Истражниот затвор Скопје во Шутка потврдуваат дека екс-министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески почнал штрајк со глад.

Управата за тоа била информирана денеска и, според правилата, Јанакиески бил прегледан од лекар, а известување било испратено и до Судот.

Од затворот информираат дека наспроти тврдењата дека Јанакиески штрајкот го почнал во саботата, тој сепак вчера примил храна од надвор.