Како „фијаско кое дава негативна слика за функционирањето на ЕУ“ ги оцени денес францускиот претседател, Емануел Макрон, преговорите на европските лидери околу поделбата на клучните функции. Состанокот на Европскиот совет е прекинат за да можат лидерите да се одморат и утре да ги донесат важните одлуки. Ако ги донесат.
Зашто како што и германската канцеларка, Ангела Меркел изјави, „тешко ќе биде да се постигне компромис“.
„Го завршивме денот со нешто што може да се нарече неуспех. Ова е многу негативна слика за Европскиот совет, и никој не може да биде среќен со тоа што се случуваше толку многу часови“, рече Макрон, кој како главен виновник за немање договор ги посочи народните партии, односно Групата ЕПП. Според Макрон постои „поделба во ЕПП“ но и „географска сегрегација во Советот“.
Иако тој не кажа точно која е таа сгрегација, од порано е јасна пделбата мешу неколку источеноевропски земји, пред се недоразбирањата со Полска, но и и земјхи од Вишегрдската група, како Унгарја на пример која има сериозни забелешки за Манфред Вебер, кандидатот за претседател на Европската комисија од ЕПП.
Но, иако денес се чинеше дека е можен компромис за претставник на ЕК да биде постигнат за Франс Тимерманс, тоа не се случи, па по 17-часовните преговори е објавен пауза.
Лидерите на ЕУ ќе се сретнат утре на состанокот кој Доналд Туск го закажал за „точно напладне“.
Макрон, кој денес става точка и на процесот за прошпирување, според француските медиуми лета за Париз, а утре повторно доаѓа во Брисел. Дека е видно изнервиран потврдува и неговата многу остра изјава.
Comments are closed for this post.