На самитот на Г20 во Јапонија најголем интерес предизвика однесувањето на рускиот претседател Владимир Путин.  Домаќинот, јапонскиот премиер Шинзо Аве ги послужи гостите со пијалоци и сите пиеја од исти чаши. Некој  вино, некој пиво, Трамп диетална кока-кола.Но, она што остана забележено е белиот термос од кој пиеше Путин.

Неговото обезбедување ништо не остава на случајноста и од страв да не му потурат нешто сомнително смее да пие само од специјален термос.

Ако се прашувате што има во него, тоа е омилениот пијалок на Путин-руски чај.