Не знам дали има каков било заклучок и задолжение, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, прашан дали како потпретседател на Владата знае дали генералниот секретар Драги Рашковски бил задолжен да се вклучи во тендерот за системот на М-НАВ и постои ли службена белешка за тоа.
Знам дека на последната седница на Влада разговаравме во делот на извештајот за инцидентот што се случил во Македонската навигација. Донесени се соодветни заклучоци по кои треба да се постапува и во рамки на тоа сите овие прашања треба да се расчистат и благовремено да се информираа, изјави тој.
Спасовски додаде дека имало одредени пропусти во институцијата, а за тоа разговарале на затворена владина седница кога биле донесени заклучоци за кои, како што рече, сега јавно не може да говори.
Comments are closed for this post.