Се вратиле на грчка територија: АРМ со истрели спречи влез на мигранти

Следејќи ги пропишаните правила и процедури во вакви ситуации  од страна на патролата неколкупати е упатено гласно предупредување лицата да запрат со движењето

10.10.2018 / 10:46


Со неколку истрели во воздух на границата со Грција војници на АРМ спречиле група мигранти нелегално да влезат во наша територија. Еден од мигрантите е уапсен, додека другите се вратиле на територија на нашиот јужен сосед.

Од АРМ за МИА информираат дека при редовното извршување на задачите, при патролирање во реонот на регионалниот пат Гевгелија- село Моин, во реонот на живинарската фарма, од страна на патролата на АРМ е забележано движење на група луѓе кои нелегално ја поминале граничната линија.

-Следејќи ги пропишаните правила и процедури во вакви ситуации  од страна на патролата неколкупати е упатено гласно предупредување лицата да запрат со движењето, но поради нивно натамошно движење, биле истрелани неколку предупредувачки куршуми во воздух,  по што нелегалните минувачи се вратиле назад на грчка територија, додека еден од нив кој застанал е задржан и предаден на органите на МВР за натамошна постапка, изјавија од АРМ за МИА.

Од македонската армија уверуваат дека АРМ со припадниците на граничната полиција остануваат максимално подготвена за спречување на сите обиди на нелегално влегување на територијата на нашата држава од почетокот на мигрантската криза.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Мицкоски: Реформската агенда и клучните законски решенија ќе бидат заокружени до декември

пред 9 часа
Македонија

Мицкоски: Повеќе од шест отсто раст во туризмот, ќе ја надминеме предвидената цел

пред 9 часа
Македонија

Мицкоски: Практичниот дел на правосудниот испит ќе биде на македонски јазик

пред 1 ден
Македонија

Мицкоски убеден: Хорор соништата на СДСМ нема да станат јаве

пред 1 ден
Македонија

Kaсами е лут, вели дека не бил тројански коњ

пред 2 дена
Македонија

Kaко беше осободено Скопје од фашистичкиот окупатор

пред 2 дена
Македонија

Ива Михајлова не поминала на ниту еден граничен премин

пред 2 дена
Македонија

Toшковски: Вкупниот број убиства во земјава заклучно со октомври е најмал во последните шест години

пред 2 дена
Македонија

Димитријевиќ со кривична поднесе кривична

пред 2 дена
Македонија

Алта банка влезе во Македонија како банка која што има удели во банка во ЕУ

пред 2 дена
parla iptvUltrabetcasino siteleriUltrabetgrandpashabet9037.comgrandpashabetgrandpashabetgrandpashabet girişjojobet girişgrandpashabetdeneme bonusukumar sitelerigrandpashabet twittergrandpashabetgrandpashabet güncel girişgrandpashabet güncel girişgrandpashabet güncel girişGrandpashabet girişgrandpashabet facebookgrandpashabet resmi girişkahraman haberdeneme bonusu veren sitelergrandpashabet girişgiftcardmall/mygiftextrabetjojobet