Германската канцеларка Ангела Меркел не очекува брз прием на земјите од Западен Балкан во ЕУ, но потенцира дека регионот има европска перспектива, но оти  треба да се надминат многу тензии и да се исполнат условите.

Во својот видео поткаст, објавен денеска по повод претстојниот Самит за Западен Балкан, кој во рамките на Берлинскиот процес ќе биде одржан в петок, во полскиот град Познањ, Меркел истакна дека земјите од овој регион треба уште многу пречки да надминат и многу услови да исполнат.

„Патот и натаму е полн со камења“, рече Меркел.

Меркел, во видео порака, истакна дека за остварување на европската перспектива на земјите од регионот треба да се надминат многу тензии и да се исполнат условите.

„Патот сè уште е полн со камења“, посочи германската канцеларка, а пренесува „Танјуг“.

Во Познањ во петок (5 јули), ќе се одржи конференција за Западен Балкан, на која ќе присуствува и Меркел, на чија иницијатива во 2014 година беше покренат Берлинскиот процес, со цел да се подобрат можностите за дијалог и соработка меѓу земјите од регионот.

Во регионот постојат позитивни примери на дијалог, се вели во соопштението од германската канцеларка, која го истакнува решението на долгиот спор со името на нашата држава.

„Политичката храброст, на северномакедонскиот премиер Зоран Заев и грчкиот премиер Алексис Ципрас, вроди со плод да се надмине тој спор“, истакна Меркел.

Таа додаде дека овој, како што рече, позитивен пример, треба да ги охрабри и другите претенденти и да ги реши проблемите во Босна и Херцеговина и меѓу Србија и Косово.