Во Албанија денеска се одржуваат локални избори , кои опозицијата го бојкотира. Во многу општини на изборните ливчиња има само еден кандидат и тоа од владеачката партија на премиерот Еди Рама.
Инаку, денеска своето право на глас го искористи премиерот и лидер на социјалистичката партија Еди Рама, кој повторно ја изненади јавноста во облеката која ја избрал за денешниот ден – кошула, сако, панталони до колена и подигнати чорапи, со што предизвика лавина на коментари Интернет и по социјални социјалните мрежи.
Рама откако заедно со сопругата Линда го остварија гласачкото право рече дека „овие избори се за Албанија што ја сакаме” и оти е многу битно да се почитува правото на секој граѓанин без оглед дали одлучил да гласа или не.
„Денеска е многу важен ден за Албанија. Верувам дека овој ден еднаш засекогаш ќе потврди дека со народот никој не може да се поигрува. Суверенитетот на народот не е празен збор, и кој се обидува да му ја одземе сувереноста на народот, нема друг крај освен крај со неуспех и срам. Важно е да се почитува правото на секој граѓанин да гласа или да не гласа. Историјата ни кажува дека овие избори се избори за Албанија што ја сакаме за сите наши деца“,изјави Рама.
Искажа убеденост дека во Албанија се случува нешто историско и оти никогаш интересите на една политичка партија или политички сметки не можат да бидат во судир со националниот интерес.
„Ове се избори кои ќе и одржат лекција на политиката дека националниот е над секој личен интерес“, посочи Рама,кој „бомбардиран” од прашања ги замоли новинарите да му го ослободат патот и замина.
Comments are closed for this post.