Првата Парада на гордоста во Скопје помина мирно и без инциденти. Маршот го обезбедуваа голем број полициски единици.
Парадата започна во 12 часот пред паркот „Жена борец“ и продолжи кон Градскиот парк каде што покрај неколку музичари, настапи и Тамара Тодевска со песната „Прауд“
Со транспаренти и знамиња со боите на виножитото, меѓу учесниците кои парадираа по скопските улици забележливо беше присуството на учесници од повеќе држави, меѓу кои Грција, Бугарија, Србија, Велика Британија.
На настанот беа присутни и членови на Владата,меѓу кои министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, советникот Роберт Алаѓозовски. Меѓу присутните беа и в.д. амбасадорот на САД во Македонија, Микаела Швајцер-Блум, амбасадорот на Франција, Кристијан Тимоние, екс-пратеникот Павле Богоевски, пратеничките Ивана Туфегџиќ, Јагода Шахпаска, Маја Морачанин, Лилјана Поповска и голем број членови на невладини организации.
Comments are closed for this post.