Сопругата на милионер од Норвешка која исчезнала пред осум месеци под сомнителни околности можеби е мртва и можеби киднапирањето никогаш не се случило, соопшти тамошната полиција.
Ане Елизабет Фалкевик Хаген се води како исчезната од 31 октомври минатата година.
Таа е сопруга на инвеститорот Том Хаген и киднаперите наводно барале 9 милиони евра за откуп во порака која е пронајдена во домот на милионерот.
Како што првично се пишуваше во медиумите, мотив за нејзиното киднапирање биле парите, но заради недостаток на какви било докази дека таа е жива и бидејќи немало никакви контакти со киднаперите, истражителите веруваат дека таа е почината.
Норвешката полиција во средата наведе дека детективите сега ја смениле „главната претпоставка“ за исчезнувањето на 69 годишната жена, пренесува Скај Њуз.
Шефот на полицијата Томи Броеске изјави дека полицијата не може да ја исклучи можноста дека киднапирањето е лажирано како би се сокрила нејзината смрт.
Мотив за потенцијалното убиство останува непознато, а засега никој не е уапсен.
Во јануари наводно Том Хаген го контактирала група киднапери, но од тогаш не му е даден никаков знак за тоа дека неговата сопруга е жива.
Хаган се наоѓа на 172 место на најбогати Норвежани и неговото богатство се проценува на 169 милиони евра.
Comments are closed for this post.