Со голем ентузијазам и љубов кон театарот продожува успешното функционирање на аматерскиот театар во Демир Капија, при Центарот за култура Мирка Гинова.
Со последната претстава Умри Машки, аматерскиот театар од Демир Капија гостува во Театар кКомедија во Скопје. Од центарот соопштуваат дека
Утре 28 (петок) ќе има гостување на ДАТ ,,Мирка Гинова“ – Демир Капија со претставата ,,Умри машки“. Почеток: е во 20 часот, а билетите се во продажба по цена од 150 ден. Билетарницата работи од 12 до 20 часот.
Автор на претставата е Алдо Николај, а истата е во режија на Томе Атанасов. ДАТ Мирка Гинова со претставата умри машки досега има гостувано во повеќе градови во земјава.
Comments are closed for this post.