Српската претставничка на изборот на Мис слобода на светот кој се одржува во Призрен ја шокираше јавноста покажувајќи го двоглавиот орел кој ја симболизира Голема Албанија, пишува „Република.рс“.

Србија на овој избор ја претставуваше Ирина Јованка од Нови Сад. Јавноста во Србија е вчудоневидена бидејќи никој не знае која е оваа девојка и како е избрана за претставничка за овој избор на убавина.

Кога косовските медиуми ја прашале за потегот што го направила и дали можеби ќе има некои проблеми, Ирина одговорила дека тоа е знак на почитување и оти е нормално тоа да го стори.