Граѓаните од Миравци, Прдејци и Смоквица, во врка со воведувањето патарина на овој дел од автопатната делница,бараат од градоначалникот на општина Гевгелија,Сашо Поцков да бидат ослободени од плаќање.
Градоначалникот Поцков ги подржува граѓаните за кои, како што рече,патарината ќе претставува голем финанасиски товар затоа што секојдневно тие патуваат двонасочно до Гевгелија на работа или по други потреби.
Поради ваквите реакции и барања на граѓаните уште на 10-ти овој месец, упатив писмено укажување до Јавното претпријатие за државни патишта на Република Северна Македонија дека мора да се најде решение за проблемот до ставање во функција на патарината кај Смоквица,рече Поцков.
Според него,едно од можните решенија е да се доизградат преостанатите два километри од регионалниот пат Прдејци-Смоквица, по што жителите од споменативе села нема да мора да плаќаат патарина.
Доколку стартува наплатата на патарината кај Смоквица, а регионалниот пат не биде готов за употреба, градоначалникот Поцков бара од Јавното претпријатие за државни патишта, кој е инвеститор и на патарината и на регионалниот пат, да се најдат можности за алтернативно решение поради оправданите реакции на граѓаните.
Comments are closed for this post.