Магазинот „Пипл“ ја избра Меган Маркл за најдобро облечена жена за 2018 година. Американката која по свадбата со принцот Хари ја доби титулата војвотка од Сасекс го смени својот стил на облекување и стана стилска икона ширум светот.
Ова е прв пат член на кралско семејство или некој кој веќе не е дел од Холивуд да ја предводи листата на магазинот.
По Меган, на листата следат холивудските актерки Кејт Бланшет и Сандра Булок адвокатката за човекови права Амал Клуни, па Ким Кардашијан.
Comments are closed for this post.