Амал Клуни, адвокатка и сопруга на холивудскиот актер Џорџ Клуни, најверојатнно ќе може да се опушти зашто нема да има потреба повеќе да ја претставува грчката влада во нејзината намера да ги врати таканаречените Елгини мермери кои се чуваат во Британскиот музеј. Причината е тривијална – светски познатиот релјеф од Партенон според тврдење на еден светски авторитет и не се грчки, туку римски и тоа копија.

Секако, вака сторијата ја почнува британсики „Дејли меил“, додека за дел од грчките медиуми станува збор „за неверојатна теорија“.

Еминетниот историчар на уметноста Најџел Констам тврди во објавена брошура дека повеќето од артефактите собрани од седмиот ерл Елбин на почетокот на 1800. во суштина се римски копии на грчки оригинали кои претходно еродирале од кисели дождови предизвикани од ефектите на оџаците кои се наоѓале околу Акропол (Партенон).

Неговата бомбастична теорија се базира на неодамна пронајдените оџаци во близина на Партенон кои ги користел скулпторот од 5 век Фидие кој изработувал гигантски бронзени статуи.

Од теоријата на Констам не се шокирани само Грците, туку и Бритнаскиот музеј, а веста со неверување ја слушнал и сегашниот 94-годишен ерл од Елгин.

Најџел Констам

„Мојот случај е силен затоа што има докази кои го потврдуваат моето гледиште и разликата е толку очигледно што може да ја види и лаик“, вели Констам.

Тој додава дека римските скулптури се поинаку изработувани и изгледаат многу почисто од грчките, кои заради лошиот бронзен алат и металот биле порозни, па тоа е една од причината зошто ќадот навлегол брзо и длабоко.

Кураторката на Британскиот музеј, Иан Џенкинс се заинтересирала за теоријата и во писмено обраќање вели дека „станува збор за интересна идеја“.

Теоријата за димот околу Партенон се потрдува и со фактот што тоа место било гробишта за млади девојки.

Инаку, се смета дека Партенон бил надграден во времето на римскиот император Адријан. Потоа тој е разурнат во времето на Јустинијан Први кој со декрет го забранил паганството во империјата и го наметнал христијанство и кај Грците.