Постои една земја во светот каде што премиерот е и министер за финасии, а тоа е Белизе. Не сакаме и во Република Македонија, премиерот Заев да ја има својата сличност со премиерот на Белизе“, рече пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.
Од собраниската говорница му упати порака на премиерот Заев ако сака да биде блиску до парите и да има целосна контрола тогаш треба да го разреши и заменик министерот за финасии Ширет Елези. А дотогаш како што потенцираше Елези ги има сите овластувања како министер за финасии.
Дезорганизиранот и неефикасност на премиерот кој што има 40 советници. Еден премиер кој што самиот не знае дека не треба да се предложи и да биде избран и за министер за финансии, покажува дека самиот премиер неефикасен“, рече пратеникот Милошоски.
Премиерот Заев возврати дека како претседател на Владата може да има влијание на политиките на сите министерства, не само на министерството за финансии.
Comments are closed for this post.