Премиерот Зоран Заев денес им нареди на службите да го повлечат предлогот тој да биде и министер за финансии во новата влада.
Дадов налог за повлекување на канидидатурата за Зоран Заев за министер за финансии“, рече во Собранието Заев.
Тој притоа рече дека иако Уставот тоа го дозволувал, но сепак власта треба да ја слуша опозицијата и телата, кое испрати сериозно соопштение, иако случајот не го разгледувала, мислејќи на антикорупциската комисија.
Заев рече дека тој согласно законите само ќе раководи со ресорот за финансии, но нема да биде и министер.
Comments are closed for this post.