Премиерот Зоран Заев изрази жалење што довчерашниот заменик министер за образование, Петар Атанасов, ненадејно си поднел оставка.

Ред е да кажам, тоа го направи затоа што не стана министер за образование, бараше од мене да стане министер, но не стана министер. Јас во саботата ја донесов конечната и му ја соопштив – изјави Заев во интервју за Сител, наведувајќи дека во неколку наврати Атанасов нему му рекол дека доколку не стане Министер за образование ќе си поднесе оставка.