Премиерот Зоран Заев уверува дека е релаксиран и е оптимист во пресрет на дебатата во Собранието за уставните измени и дека тие ќе поминат на „прва топка“.

Не може да се каже дали е обезбедено двотретинско сега, тоа ќе се види низ дебатите во Собрание.Лично јас разговарав со пратениците и видовме дека има прогресивна маса која е доволно сериозен мотив. Овие денови Парламентот се надевам ќе има дебата. Морам да ги отфрлам сите шпекулации кои надвиснаа на главите на многу пратеници за ненкакви пари. Ова мора да оди во благопријатна атмосфера. Секој пратеник е еднакво важен”, рече Заев.


 

Изјава Зоран Заев

Posted by MИА.mk on Tuesday, 9 October 2018

 

За неофицијалните информации пак дека се обезбедени 80 пратеници, премиерот вели дека процесот не е математика и бројки, туку ќе се посттигне преку разговор и мотивација за одговорност.

Можам да верувам дека имаме, можам да верувам и дека немаме, но на крајот тоа треба да го провериме и треба да се потврди. Досега имаме доволна причина да веруваме дека има“, вели тој.

Повика сите да се носат со нивото на историската одговорност која е исправена пред нив, но ги демантираше изјавите на советник во Куманово од неговата партија дека двотретинското мнозинство е обезбедено.

Сакам уште денес да има седница, ама никој не ме прашува ,тоа зависи пред се од претседателот на Собранието. Ако успее супер, ако не – нека ми каже некој што понатаму. Остануваат предвремни избори за обезбедување двотретинско мнозинство. Но, да се фокусираме на парламентот. На избори се знае кој ќе победи, но ќе изгубиме време, два три месеци, јавноста е заморена од избори, порача Заев.

Гласот на пратениците ќе ја определи иднината на Македонија. Вистинската опција е парламентот, а не предвремените избори, заклучува премиерот.