На локалните избори на 30 јуни во Албанија, доколку се одржат, е предидвено да се отворат гласачки места и во болници.
Поранешниоот парламентарец од опозициската Демократска партија, Тритан Шеху, рече дека е „скандалозно“ некои гласачки места во училишта да се преместат во болници.
Шеху истакна дека одлуката на Централната изборна комисија е „налудничава“ како и на тие кои ја наредиле.
Уште повеќе, Шеху иронизирајќи ја одлуката, рече дека „гласачките места треба да ги преместат во операциони сали“.
„Не можам да верувам дека глупавоста и игноранцијата стигнале до овој степен. Но, ова значи и непочитување на нашиот здравствен систем. Зошто нашиот министер не реагира на оваа глупавост?, праша тој.
Comments are closed for this post.