Американскиот претседател Доналд Трамп, во интервју за „Ен-Би-Си“ повторно изјави дека не сака војна со Иран, зато што за Техеран тоа би бил разурнувања какви што светот не видел.
Американскиот претседател потенцира дека не постојат никакви начелни услови за преговори помеѓу Вашингтон и Техеран.
Трамп, сепак, изрази подготвеност да се сретне со претседателот на Иран, Хасан Рохани и ајатолахот, Али Хаменеи.
Трамп и претходно изјавуваше дека не сака воени дејствија против Иран.
Ваквите изјави на Трамп доаѓаат во време на максимално зголемени тензии меѓу Иран и САД по рушењето на американско беспилотно летало од страна на иранските сили.
Според официјален Техеран и иранскиот иранскиот корпус на Гардата на исламската револуција, беспилотното летало на САД било соборено оти го нарушило воздушниот простор на Иран. Додека Американците негираат дека дронот се наоѓал во иранска територија.
Пентагон објави траекторија на летот на беспилотното летало „Ар-Кју-4” и илустрацијата покажува дека тој се наоѓал во меѓународни води во Персиски Залив или надвор од воздушното пространство на Иран.
Трамп одобри нанесување на удари по Иран, но операцијата во истиот ден беше „откажана во начелната фаза”. Како што изјави американскиот претседател, во случај на напад врз Иран жртвите ќе бидат несразмерни со цената на урнатото беспилотно летало.
Comments are closed for this post.