Најмалку седум луѓе загинале, а 10 се повредени откако се урнала зграда на југот на Камбоџа.

Станува збор за зграда, која била во фаза на изградба, а до уривањето дошло во раните утрински часови.

Според медиумите, најголем дел од жртвите се работници, кои работеле на објектот, а бројот на мртви се уште не е утврден.

Во тек е потрага по евентуални преживеани, бидејќи се проценува дека под урнатините можеби има уште триесет луѓе.