Јавноста денеска повторно беше сведок како функционира партиски суд, кој ја дели правдата не врз основа на докази туку врз основа на политички нарачки, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Сите сведоци повикани токму од страна на специјалното јавно обвинителство, сведочеа против конструкциите врз кои што беше граден предметот. Ниту има материјална штета, ниту воопшто постои кривично дело. Постои само политичка нарачка за прогон со цел да се заплашат сите кои размислуваат поинаку од актуелната владеачка гарнитура. Со секој ден е се поочигледно дека власта која брани криминал продолжува со политички прогон, дефокусирање и газење на волјата на граѓаните, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата нагласуваат дека власта силејќи се преку политички монтирани процеси и прогони, ја покажува целата своја немоќ.
Народот нема да го заборави криминалот на оваа влада, ниту предавството на националните и државните интереси. Сите оние кои сега се чувствуваат моќни само заради тоа што одработуваат нечија политичка агенда треба да знаат дека правдата ќе дојде и ќе има одговорност за секоја незаконска постапка, исто како што ќе има одговорност и од нарачателите на пресудите кои сега уживаат во амнестиите за криминалите и нивната неказнивост, стои во соопштението.
Comments are closed for this post.