Претседателот Стево Пендаровски е оптимист дека германскиот Бундестаг ќе донесе позитивна одлука во септември и оти потоа ќе се чека на формална одлука на Унијата. Но, шефот на државата предупредува дека тоа ќе биде многу долг процес.

Секоја нова членка на Европската унија преговарала подолго од претходната и секоја следна кандидатка која преговара поминува низ потежок процес од сите претходни. Праведно или неправедно Европската унија ги засилува критериумите за членство – објаснува претседателот.