Францускиот претседател Емануел Макрон му ветил на својот украински колега, Володимир Зеленски, дека ќе му пружи помош во во разговорите со Русија, како дел од напорите да се воспостави мир на истокот на Украина.

За време на посетата на Париз, украинскиот претседател изјави дека дипломатскиот пат е единствениот начин за решавање на конфликтот.

Макрон истакна дека ќе работи на заживување на преговорите за Украина во „нормандиски формат“, што ги вклучува Русија, Украина, Франција и Германија.

Францускиот претседател призна дека во последниве неколку месеци има мал напредок во врска со ова прашање.