Не е само Гоце Делчев. Гоце Делчев е една од основите фигури врз која македонизмот го гради својот идентите во што има еден парадокс, еден апсурд.

Ова во емисија на БНТ, меѓу другото, го изјави професор Кирил Топалов, член на мешовитата бугарско-македонскакомисија и поранешен бугарски амбасадор во Грција и Ватикан, одговарајќи на прашањето дали Гоце Делчев е „јаболко на раздорот„ во инетрпретациите на „заедничката историја“.

Според Топалов, идеологот и организаторот на, како што вели, антибугарските репресии во Македонија веднаш по Втората светска војна, тој што со притисоци, мачења, логори, затвори и убиства го наметнал таканаречениот македонизам или се обидел да ја уништи бугарската свест, Лазар Колишевски, имал изјава за Гоце Делчев и тоа во 46-та година, кога Бугарија и ги дала на Македонија неговите мошти.

Таа изјава ја има во архивот на македонскиот институт во Скопје. Лазар Колишевски вели-Гоце Делчев е еден Бугарин без значење за ослободителните борби. Значи, дури тој, би го нарекол крволок на македонизирањето на Македонија и на ликвидирањето на бугарската свест таму, не мислел дека некогаш може да се стигне до таков фалсификат, до такво неверојатно нешто, Гоце Делчев да биде претворен во знаме на македонизмот и да биде целосно откинат од својата врска со Бугарија, изјави Топалов.

Тој додава дека Делчев секогаш се нарекувал Бугарин, дека е роден во егзархискиот Кукуш, дека учел бугарско егзархиско училиште, дека два-трипати бил учител во такво училиште каде предава бугарски јазик и литература.

Гоце Делчев се нарекувал Бугарин и се борел за бугарската кауза на Македонија. Но, сега сето тоа е непознато и заборавено и Гоце Делчев е знаме на македонизмот. Поголем апсурд од тоа човек тешко може да си замисли, изјави Топалов.