Моќно изледаше најголемата воена вежба досега одржана кај нас на полигонот Криволак. Она што можеше да го видиме ги заслужува сите пофалби. Војници од пет земји на НАТО, Литванија, Црна Гора, Бугарија, Албанија, под покровителство на САД, заедно со македонската армија го одржаа „Одлучниот удар“.
Уште ги параа звуците од детонациите и од надлетувањето на воздухопловот „М-17“ како и на транспортерите „Хермелин“ и „Страјкер“. Војниците ги изведуваат вежбите беспрекорно, како на филм, чиниш во секој момент навистина ќе ослободат некој заробеник или ќе заземат непријателска позиција.
Откако ќе го испукаа својот арсенал и ќе ја завршеа задачата и се повлекуваа позади ридовите Безбедноста на вежбата беше на највисоко ниво па сите присутни вклучително високите гости и новинарите мораа да носат заштитни шлемови.
Comments are closed for this post.