Очигледен пресврт во резерватот Ниаса во далечниот регион на северот од Мозамбик доаѓа откако се воведени полициски сили за брзи интервенции и уште поагресивно патролирање, се наведува во њујоршкото Друштво за очувување на дивите животни кое управува со ресерватот со владата на Мозамбик и неколку други партнери.
И покрај напредокот, потребни се многу години бројот на слонови во Ниаси да се врати на претходното ниво, дури и ако криволовот остане под контрола, пренесува Асошиејтед прес. Агресивниот криволов изминатите години го смали бројот на слонови од околу 12 илјади на нешто повеќе од 3.600.
Новите мерки, кои претседателот на Мозамбик, Фелипе Ниуси, лично ги одобри, ги поттикнаа очекувањата дека слоновите во резерватот ќе „имаат вистинска шанса за опоравување“, соопшти групата за нивна грижа. Ловокрадците последен пат во резерватот Ниаса убиле слон на 17 мај 2018 година, изјави претседателот Ниуси.
Comments are closed for this post.