Премиерот Зоран Заев, кој присуствува на форумот Европа – Вахау во Австрија, оствари средба со еврокомесарот за проширување и добрососедство Јоханес Хан, со претседател на Европскиот парламент Антонио Тајани и со австриската канцеларка Бригите Бирлајн.
Во обраќање на форумот премиерот Зоран Заев објасни зошто Европа е привлечна за Македонија.
Сѐ повеќе сме Европејци. Преку овие промени, многу нешто се случија, само поради една причина, која ја спомна комесарот Хан, односно поради силата на ЕУ. Таа нѐ привлекува, нѐ води и нѐ мотивира. Европа треба да остане најсексапилна девојка во светот, која ќе нѐ мотивира да продолжиме во овој правец, рече Заев.
Comments are closed for this post.