Земјава го промени името на туристичката кампања „Македонија вечна“ во „Северна Македонија вечна“. Ова следуваше откако грчкиот портал Прототема го сврте вниманието кон темата и укажа дека употребата на терминот Македонија во нејзината кампања без географска одредница го прекршува Преспанскиот договор.
Туристичките власти на балканската држава инвестираа во детална и скапа промотивна кампања во која се обидоа да ја претстават античката македонска историја како своја, пропуштајќи (?) да ја вклучат географската одредница во главниот слоган ‘Македонија вечна“.
Инаку, кампањата „Македонија вечна“ се состои од серија спотови за туристичка промоција објавени во 2009 и 2010 година со која Владата ја промовираше земјата како туристичка дестинација, меѓу другото на програмата на Си-Ен-Ен.
Comments are closed for this post.