Доколку Владата на Велика Британија на кинеската компанија „Хуавеј“ и го блокира пристапот до клучните делови за развој на 5Г мрежата, тоа ќе наштети на трговските и инвестициските врски на Кина со Лондон, изјави кинескиот амбасадор во Британија, Лиу Сијаоминг.
Тој изјави дека блокирањето ќе испрати лоша порака не само на компанијата „Хуавеј“, туку и кон другите кинески компании.
Амбасадорот на Кина истакна дека блокирањето на компанијата ќе доведе до лоши ефекти не само во трговијата туку и на инвестирањето.
Државниот совет за безбедност на Велика Британија, со кој претседаваше премиерката во заминување Тереза Меј, донесе во април одлука дека „Хуавеј“ се блокира од сите клучни делови на 5Г мрежа, но на компанијата може да и се овозможи ограничен пристап на другите делови од развојот.
Кабинетот на министрите на Велика Британија требаше да донесе конечна одлука во последните неколку недели, но процесот беше стопиран заради оставката на британскта премиерка.
Меј би требало да ја напушти функцијата премиер на крајот од јули.
Comments are closed for this post.