Големиот совет на Европскиот суд за човекови права ја разгледа денеска тужбата на Словенија против Хрватска во врска со споровите пред хрватските судови кои ги покренала словенечката „Љубљанска банка“ поради наплата на долгови од хрватски компании создадени пред распаѓањето на СФРЈ.
Големиот совет, формиран од 17 судии, ги сослушал денеска на јавна седница владините претставници на двете земји. Претставниците на Хрватска барале да се отфорли тужбата како неоснована, додека словенечките го застапувале ставот дека судот треба да одлучува по нивната тужба.
Словенија тврди дека хрватските судови се „неправедни, недоволно непристасни и дискриминаторски“.
Судот во Стразбур во текот на следните денови ќе одлучи дали ќе прифати да одлучува во овој случај.
Comments are closed for this post.