Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, , назначи 30 претседатели на Општински организации на СДСМ. Половина од назначените, 15 досега, се ново именувани, а другите се реизбрани.
Станува збор за одговорни личности, чесни, способни, кои уживаат висок кредибилитет во местата во кои живеат. Во дел од општините каде што СДСМ забележа победа на последните избори реизбрани се претседателите на општинските организации. Во наредните неколку денови ќе бидат назначени претседатели и локални раководства и во преостанатите Општински организации а ќе се заокружат, со сигурност и промените во централното раководство на партијата“, изјави портпаролот на партијата, Костадин Костадинов.
Како што рече тој ова е само еден чекор од суштинските промени кои имаат за цел да внесат нова енергија и нов систем во работата на партијата.
Како што најавивме, во периодот пред нас следуваат сериозни промени и во централната власт, како и на директорски места на централно и локално ниво“, потенцираше Костадинов.
Тој ги прочита и имињата на претседателите на општинските.
- Чучер Сандево – Ацо Ушковски
- Богданци – Никола Страторов
- Конче – Благој Илиев
- Радовиш – Коле Чаракчиев
- Дебар – Азем Фејзоски
- Охрид – Лазе Таневски
- Струга – Соња Стојкоска
- Штип – Александар Кангалов
- Ѓорче Петров – Александар Гиновски
- Карпош – Марија Ѓоргиевска
- Крива Паланка – Михаил Дејановски
- Росоман – Ленче Стојанова
- Свети Николе – Елизабета Јованчева
- Кочани – Гоце Серафимов
- Лозово – Антонио Ангелковиќ
- Виница – Тони Велков
- Пехчево – Славчо Пандурски
- Брвеница – Даниел Антовски
- Кратово – Горан Ковачевски
- Шуто Оризари – Ферат Асан
- Ново Село – Живко Георгиевски
- Чашка – Горан Стојановски
- Берово – Јован Матеничарски
- Делчево – Влатко Величковски
- Крушево – Трајче Калески
- Ресен – Атанас Табаковски
- Теарце – Лазар Ѓоргиевски
- Куманово – Мартин Костовски
- Ранковце – Христина Младеновска
- Центар – Горан Герасимовски
Comments are closed for this post.