Враќањето на Кевин Дурант во финалето на НБА-лигата траеше многу кратко. Двократниот МВП во првиот меч по еден месец пауза ја повреди десната нога. Тој се повреди на почетокот на втората четвртина при еден дриблинг кога згазна многу лошо.


Дурант веднаш ја испушти топката и се тргна од паркетот, кадешто падна и се фати за десната нога.

Се шпекулира дека станува збор за повредата на Ахиловата пета. Ако прегледот го потврди тоа, тогаш Дурант би можел да ја пропушти и цела следна сезона.

Дурант доби дозвола од медицинскиот тим да заигра во петтиот меч и тренираше со екипата во неделата.