Од Владата за Пресинг ТВ потврдија дека некогашниот прв разузнавач, актуелен државен секретар во МНР, Виктор Димовски е назначен за директор на Агенцијата за национална безбедност.
Претходно Пресинг Тв го контактираше Димовски, кој само кусо ни одговори:
Јас сум на пат, проверете во Владата.“
Димовски е доктор по политички науки. Тој има долгогодишна дипломатска кариера. Во изминатиот период бил амбасадор во Србија и Црна Гора, а и во Израел.
Од 2007 до 2009-та година, Димовски беше прв човек на Агенцијата за разузнавање.
Comments are closed for this post.