Американската компанија Амазон е највредниот бренд во светот со проценета вредност од 315, 5 милијарди долари, со што го претекна Епл и Гугл, покажува најновото рангирање на глобалните брендови на листата „Брандз Топ 100“, која го спроведува истражувачката агенција „Кантар“.
Податокот покажува дека вредноста на брендот Амазон е зголемена дури за 52 отсто во однос на минатата година, пренесува СиЕнБиСи.
Епл се најде на второ место, со проценета вредност од 309,5 милијарди долари, а Гугл на трето место, со вредност од 309 милијарди долари.
Гугл и Епл менувајќи си ги позициите поминаа 12 години на врвот на листата, а Гугл минатата година го освои првото место.
На четврто место на ранг листата се најде Мајкрософт со вредност ос 251,2 милијарди долари, компанијата Виза со 177,9 милиони долари е на петтото место, а во првите десет се и Фејсбук со 159 милиони долари, Алибаба со 131,2 милијарди долари, Тенсент 130,9, Мекдоналдс 130,4 и АТиТ со 108,4 милијарди долари.
Comments are closed for this post.