На 9 јуни во Куманово беше потпишан договорот помеѓу тогашна СРЈ со кој беше ставен крај на бомбардирањето на НАТО врз Србија. „Курир.рс“ пренесува детали од потпишувањето на договорот кои досега не беа познати.
Потпис на договорот ставиле Светозар Марајновиќ во име на војската на Југославија и Генералот Мајкл Џексон од име на НАТО. Договорот беше потпишан доцна вечерта по мачни преговори.
Српската делегација раскажува дека на 5 јуни тргнале од Белград и дека колоната цело време биле сателитски следена од НАТО. Базата им била во Врњачка бања и секое утро оделе на спортскиот аеродром во Куманово каде се одвивале преговорите
Таму ги чекал климатизиран шатор и арогантниот генерал Мајкл Џексон
Српската делегација неволно го потпишала договорот со кој НАТО влезе а српската војска се повлече од Косово . Се повлече и руската војска која претходно го зазеде и аеродромот Слатина кај Приштина што беше повод за снимање на филмот „Балканска меѓа“
Comments are closed for this post.