Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос го прифати барањето од премиерот Алексис Ципрас за брзи предвремени избори и го распушти грчкиот парламент. Со тоа се отвора пат изборите да се одржат на 7 јули.
Одлуката за распишување на предвремените избори премиерот Ципрас ја донесе по изборите за европскиот парламент, кога неговата партија во Грција освои помалку гласови од опозициската Нова демократија. Редовниот термин за парламентарни избори во Грција беше оваа есен.
Comments are closed for this post.